За Clean Max

Историјат


„Clean Max” е македонска компанија формирана во aвгуст 2018 година. Нашата примарна цел е имплементација на нови технологии и стандардизација на услугите за одржување на хигиената во хотелите, здравствените и јавните установи, како и домаќинствата.

УВ - технологијата во рамки на дезинфекција во светот се применува од 1998 година како основен сегмент во одржувањето на беспрекорна хигиена кај реномираните установи од хотелската и здравствената индустрија. За жал Балканот заостанува зад светските трендови, но сепак Clean Max е тука да ја промовира револуционерната УВ - технологија и на овие простори, како и пошироко.
Од септември 2018, Clean Max стана стратешки партнер на најреномираните светски компании коишто користат врвна УВ технологија за дезинфекција, а воедно е и генерален застапник за земјите од регионот како што се: Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Србија, Бугарија, Грција, Турција, Албанија и Косово.

Во исто време Clean Max развива програма и обука за едукација и оддржување на личната и јавната хигиена кај луѓето. Стандардизацијата на хигиенските процеси, подигнување на квалитетот со употреба на новите технологии, но и маркетинг вредноста на истите, може да бидат посебна придобивка за хотелите и здравствените институции.

Clean Max процес


Вашето омилено место во домот или хотелите, душекот, за жал по повеќекратната употреба станува омилено место и за многу микроорганизми, бактерии, габи, хемикалии како и телесни течности. Токму затоа вам и на вашиот бизнис ви е потребна Clean Max технологијата.
Нашиот сертифициран тим со професионални машини кои ја поседуваат докажаната УВ-Ц технологија ви гарантираат ефикасен, еколошки, целосно сув и брз процес за дезинфекција на вашиот душек. Сето тоа за само неколку минути и во вашата спална соба.

Што елиминира CleanMax?


  • Прашински грини
  • Бактерии
  • Фекалии
  • Габи
  • Кожни клетки
  • Телесни течности
  • Непријатни мириси

Наши сертификати