Најчесто поставувани прашања

Што е CleanMax?

CleanMax е единствен сервис во Македонија и пошироко за дезинфекција на душеци и мебел со светски сертифицирана најнова УВ Ц технологија. CleanMax е македонска компанија формирана во aвгуст 2018 година. Нашата примарна цел еимплементација на нови технологии и стандардизација на услугите за одржување на хигиената во хотелските, здравствените и јавните установи, како и во домаќинствата. Стандардизацијата на хигиенските процеси, подигнување на квалитетот со употреба на новите технологии, но и маркетинг вредноста на истите, може да бидат посебна придобивка за хотелите и здравствените институции.
Затоа што сме единствени во Р.Македонија кои можеме да одговориме на високите светски стандарди за чист душек за спиење.
Затоа што први во Македонија вршиме дезинфекција на душеци и мебел со УВ Ц гермицидна ламба која ги уништува сите бактерии и вируси до 99,99%. Особено сме горди на тоа што може да им помогнеме на лицата кои имаат проблеми со астма, алергии, црвенило на кожа, иритација, егземи, тешкотии во дишење, главоболка, затнат нос, итн.
Затоа што се грижиме за здравјето на луѓето. Со Clean Max веруваме дека сегашните предизвици од огромниот спектар на микроорганизми кои влијаат врз нашите животи можат да бидат значително намалени или контролирани, а ние сме посветени на напорите запостигнување на овие резултати.
Ние сме посветени на едуцирање и поддршка на нашите клиенти и им овозможуваме да создадат подобра средина за своите клиенти, вработени и семејства, намалување на употребата на токсични производи кои ја оштетуваат животната средина и нашето здравје.
Користи најсовремена и најнова технологија со УВ-Ц гермицидна ламба која научно е докажана како елиминатор на сите видови бактерии до 99,99 %, ефектот на уништување трае до 72 часа.
Создавање на препознатлива платформа за дополнителни хигиенски стандарди со радијаторот со UV-C гермицидната ламба која ги уништува сите бактерии до 99,99 %, ја уништува нивната ДНК и бидејки е сув процес не дозволува да се создаваат во период од 72 до 96 часа. Ламбата, која научно е докажана како елиминатор на сите видови прашински грини, бактерии, вируси, габи и други микроорганизми, истите ги внесува во сертифицираната и заштитена кеса со HEPA (хепа) филтер. Овој филтер од најновата генерација гарантира дека ниту една честичка повеќе нема да се врати во вашата соба. Чистењето на душекот со нашата технологија трае во просек неколку минути, и е погодно за сите видови душеци, перници и мебел. Процесот е целосно 100 % сув што значи без употреба на течности кои би навлегле во душекот, без испуштање на непријатни мириси и штетни гасови, и што е најважно, сертифициран и еколошки - без употреба на токсични хемикалии.

Придобивки од CleanMax

Дали сте знаеле дека вашето омилено место во домот, топлиот кревет во кој поминувате најдолг период од денот, е омилено место и на милион други бактерии, микроорганизми и хемикалии кои се најчести причинители на сериозни болести, алергии, замор па дури и депресија. Овие ваши непријатели, невидливи за голо око се крајно издржливи и престојуваат длабоко во вашиот душек и покрај редовното менување на постелнината, неефикасните т.н. протектори, како и новата технологија на анти-бактериски навлаки.
⅓ од животот го поминуваме во кревет. Креветските душеци се вистински рај за штетните бактерии, габички и мувли произведувајќи широк спектар на непријатни мириси. Колку и да звучи неверојатно, после 10 години употреба, остатоци од мртва кожа, коса, пот, урина и други телесни течности претставуваат над 10 % од тежината на душекот. Ова не само што е застрашувачко, туку е и сериозно штетно по здравјето. Грините, бактериите, телесните течности, нечистотијата, урината, дамките, мирисите, габичните инфекции и вируси, сите може да имаат негативни ефекти врз нашата способност да се добие висок квалитет на одмор. Па, што е решението? Професионално исчистен и дезинфициран душек е од суштинско значење за здрав сон за спиење!
Нашите производи се еколошки и здравствено безбедни за деца и за домашни миленици бидејќи не користат употреба на хемикалии.
Cо примена на Clean Max технологијата на чистење и одржување на душеците која вклучува и УВ дезинфекција, наеднаш добиваме пријатна и безбедена околина за спиење. Доплнително, оваа технологија ги отстранува и инсектите / микрокрлежи кои се докажани иницијатори на астматични напади кај болните од астма. На крајот од процесот – нема токсини, нема отрови нема штетни течности , мириси и гасови ниту хемикалии. Clean Max технологијата со УВ чиста дезинфекција, создава една од најбезбедните услови за спиење во светот.
Нетоксичен, без хемикалии, целосно 100 % сув начин за отстранување на штетните алергени и загадувачи од душеци и тапацирани предмети во секој дом, хотел или било кој тип на установа.
  • ПРАШИНСКИ ГРИНИ. Едни од најопасните предизвикувачи на алергија - микроорганизми кои ги има во огромна концентрација во вашиот душек и перници. Истражувањата покажуваат дека во душек со брачна димензија можат да се намножат и до 5 милиони грини. Проблемот не е само во грините туку и во изметот кои тие го исфрлаат. Секоја поединечна грина исфрла измет околу 20 пати дневно, и резултатот е навистина одвратен.
  • БАКТЕРИИ од кожата, устата, гениталиите, цревата и фекалиите навлегуваат во душекот а меѓу нив и некои навистина опасни видови.
  • КОЖНИТЕ КЛЕТКИ и телесни течности кои ги испуштаме во текот на спиењето ја формираат идеалната средина за непосакуваните грини и бактерии. Нашата кожа отфрла и до 5 милиони мртви клетки во текот на ноќта, кои претставуваат идеална храна за сите микроорганизми. Во исто време истражувањата покажуваат дека во просек годишно човековото тело испушта и до 12 литри пот во текот на спиењето, што заедно со топлината која ја емитуваме на местото каде лежиме се идеалнасредина за милионите микро штетници.
  • ГАБИ. Синтетичката или постелнината со пердуви, може да содржи меѓу 2 и 17 различни видови габички кои провоцираат напади на астма и други алергии.
  • ХЕМИКАЛИИ. Во зависност од квалитетот на материјалите од кои е изработен душекот но и самиот процес на изработка, истиот може да содржи и штетни хемикалии. Во исто време и лосионите, помадите и препаратите за коса кои ги коритите, можат да влијаат на вашето здравје.
  • ХРАНА. Дали поради лошата навика да се јаде во кревет или преку облеката или косата, трошките од храна секогаш наоѓаат начин да дојдат до вашиот кревет.
Душекот за спиење е место во домот на кое поминуваме од 7 до 10 часа во директен контакт, тоа е место каде одиме да се одмориме од напорниот ден и да се релаксираме. Но притоа ние не сме сами, секој душек е дом на милиони микроорганизми, бактерии, габи, прашински грини, како и подлога на која се складираат голема количина на отфрлени мртви кожни клетки од нас самите, остатоци од храна, хемикалии од средствата за перење на постелнината и сл. Сето тоа е една одлична подлога за развој на иританти на чувствителната кожа, како и алергени кои постојано нè мачат. Сите овие ситни и невидливи со голо око штетници влијаат на расположението, здравјето и сонот. Па оттаму патиме од лош сон, иртирана кожа, солзење на очите, течење на носот, кивање, кашлање, депресии, астма, главоболки, алергиски реакции.
Да. Нашиот третман на чистење на душекот е 100% сув, па Вашиот душек може да се користи веднаш после нашиот сервис. Пред да дојде нашата екипа само треба да ја извадите постелнината и после нашата услуга креветот е подготвен за повторно користење. Бидејќи самиот процес е сув, не користиме вода и хемикалии, креветот може да се користи дури само по неколку минути после нашиот сервис.

Процес на сервис со CleanMax технологијата

Дезинфекцијата со гермицидната Ултра Виолетова ламба е еколошка метода за уништување на бактерии, мувли, габи и вируси без употреба на штетни хемикалии и која не создава корозија на материјалите и не остава штетни нус продукти. Со примена на оваа ламба CleanMax обезбедува највисоко ниво на чистота и безбедност на душеците и постелнините и други материјали во собата, уништувајки 99,99% од сите штетници и бактерии. Се применува УВ-Ц гермицидна живина ламба за дезинфекција на површините од двете страни на душекот. Живините ламби под низок притисок емитуваат околу 87% од нивната светлосна енергија при бранова должина од 254 нанометри. Оваа карактеристика им овозможува на ламбите да бидат високоефикасен извор на антибактериска ултравиолетова светлина. Секое поминување со ламбата на одредена површина треба да трае во интервал од 10 секунди, што е максималното време што се бара за да се овозможи загарантирана дезинфекција).
Прва фаза: Инспекција
Пред употреба на УВ уредот за дезинфекција во спалната соба МОРА да се провери дали има тафтабити или инсекти коишто живеат во постелнината, душеците и на различни локации во и околу креветот. Стандардната процедура треба да вклучува детално прегледување на сите однапред утврдени точки-површини од двете страни на душекот, во и околу креветот и на различни локации во собата.
Втора фаза: Хепа вшмукување
После процесот на инспекција на присуство на инсекти, може да се почне со вшмукување на правот од површината на двете страни на душекот со уред за вшмукување кој користи ХЕПА филтер. Треба да се провери/потврди дека е отстранета цела површинска нечистотија (прав, мртва кожа, влакна) со примената на системот за вшмукување).
Трета фаза: УВ-Ц Дезинфекција
Штом се ослободиме од прашината на душекот се преминува на дезинфекција на душекот. Се применува УВ-Ц гермицидна живина ламба за дезинфекција на површините од двете страни на душекот. Живините ламби под низок притисок емитуваат околу 87% од нивната светлосна енергија при бранова должина од 254 нанометри. Оваа карактеристика им овозможува на ламбите да бидат високоефикасен извор на антибактериска ултравиолетова светлина. Секое поминување со ламбата на одредена површина треба да трае во интервал од 10 секунди, што е максималното време што се бара за да се овозможи загарантирана дезинфекција. Така се поминува целата површина од двете страни на душекот.
Четврта фаза: Отстранување на дамки и мириси
Освежување, односно третман со спреј систем за распрскување со специјализирана течен цитрусен раствор кој е 100 % на природна база без хемикалии и има за цел да ја озонира и освежи површината која е предмет на третман со што се дава чувство на чисто и пријатно место за престој.
Детектираните дамки од урина, пот, крв итн., делумно се отстрануваат со еколошки безбедна течност за разградување, што преставува сертифициран еколошки процес без употреба на токсични хемикалии.
Процесот трае неколку минути во зависност од големината и бројот на мебелот.
CleanMax располага со високо квалитетни машини од брендовите Hygienitech и RemUVe кои работат на принцип на UV-C гермицидна ламба (која помага во разбивање на DNK низата на сите микроорганизми, бактерии, габи, прашински грини) и принцип на суво отстранување на прашински грини, мртви кожни клетки, остатоци од храна, остатоци од хемикалии.
Програмата на машини со кои располага CleanMax во Р.Македонија е навистина нова, затоа што со нашето основање истата е донесена на овие простори, но во високо развиените земји од Америка, Европа и Азија е позната уште од 1998 година од кога е и лидер во промоцијата на хигиената во хотелската индустрија, медицинските и јавните установи како и во домаќинствата.
Најдобар период за дезинфекција е користење на нашата услуга на секои 6 месеци, но доколку имате проблеми со астма или алергија подобро е почесто да ја применувата услугата со Clean Max технологијата.