Опрема и тим

Опрема и тим


Опремата е светски реномирана и признаена во својата област. Машината создава пулсирачки бранови во душекот со цел да го подигне сиот прав и микроорганизми со мотор кој има голема вшмукувачка моќ и истите ги внесува во сертифицирана и заштитена ќеса со HEPA (хепа) филтер. Овој филтер е од најновата генерација, чијашто употреба гарантира дека ниту една честичка повеќе нема да се врати воВашата соба. Оној дел што ја прави уникатна оваа машина е радијаторот со UV-C гермицидната сијалица, којашто е научно докажана како елиминатор на сите видови бактерии.

Вработените во нашата компанија се врвно обучени од американски стручен тим со посебен сертифициран персонал кој со години континуирано работи во овој оддел со строго пропишани правила. Тоа се најдобрите професионалци за UV-чистење кои се обучени и сертифицирани специјалисти чијашто одговорност е да ги направат вашите душеци чисти и дезинфицирани, истовремено оставајќи го вашиотдом почист и поздрав за Вас и Вашето семејство.
Храбри, одговорни, иновативни, комуникативни, професионални, тимски играчи, координирани, аналитични, динамични. Изградивме стручен тим за чистење и одржување на хигиената на површините за одмор и релаксација (душеци за спиење и перници) во хотелите, здравствените установи и јавни институции како детски градинки и домови за стари лица и домаќинствата. Секојдневно се стремиме да изградиме систем на услуги кој ќе им помогне на домаќинствата и корпорациите низ Македонија и пошироко да уживаат во чист, одржлив, квалитетен хигиенски простор за одмор и релаксација. Нашата мисија е почист и поздрав дом за секого. На самиот почеток имаме неколку вработени од кои секој е стручен и обучен во својата област, подготвен и амбициозен за понатамошно усовршување.