Дали сте знаеле дека вашето омилено место во домот, топлиот кревет во кој поминувате најдолг период од денот, е омилено место и на милион други бактерии, микроорганизми и хемикалии кои се најчести причинители на сериозни болести, алергии, замор па дури и депресија. Овие ваши непријатели, невидливи за голо око се крајно издржливи и престојуваат длабоко во вашиот душек и покрај редовното менување на постелнината, неефикасните т.н. протектори, како и новата технологија на анти-бактериски навлаки.
⅓ од животот го поминуваме во кревет. Креветските душеци се вистински рај за штетните бактерии, габички и мувли произведувајќи широк спектар на непријатни мириси. Колку и да звучи неверојатно, после 10 години употреба, остатоци од мртва кожа, коса, пот, урина и други телесни течности претставуваат над 10 % од тежината на душекот. Ова не само што е застрашувачко, туку е и сериозно штетно по здравјето. Грините, бактериите, телесните течности, нечистотијата, урината, дамките, мирисите, габичните инфекции и вируси, сите може да имаат негативни ефекти врз нашата способност да се добие висок квалитет на одмор. Па, што е решението? Професионално исчистен и дезинфициран душек е од суштинско значење за здрав сон за спиење!